петок, 27 ноември 2026
Најново

Трамп: Ќе се сретнам со Путин само под еден услов, нема да губам време

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само ако има разбирање за договор за решавање на конфликтот во Украина.

„Мора да знаеме дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време. Секогаш сум имал одличен однос со Владимир Путин“, изјави Трамп пред новинарите за време на патувањето во Азија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Москва и Вашингтон претходно најавија средба меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, но таа средба беше одложена на неодредено време.

Трамп се сретна со емирот и премиерот на Катар на пат кон Азија и важни трговски разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Разговорот со емирот Тамим бин Хамад ал-Тани и премиерот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани се одржа во претседателскиот авион на Трамп во американската база Ел Удеид.

Во оваа база се наоѓа регионалниот штаб на американската армија.

„Она што го направивме е неверојатен мир на Блискиот Исток, а тие беа многу голем фактор во тоа“, им рече Трамп за своите гости.

За време на средбата во американскиот претседателски авион, кој се полнеше со гориво во Катар на пат кон Малезија, Трамп рече дека Ел Тани е „еден од големите владетели на светот, не само на Блискиот Исток“, објави „Тајмс оф Израел“.

„Неговата земја го сака и го почитува. Не знам што е поважно, да бидеш сакан или да бидеш почитуван? Дали имате преференција? Бидејќи ги имате и двете, вие сте еден од ретките“, рече Трамп.

Поврзани вести