петок, 27 ноември 2026
Најново

Две лица се уапсени за кражбата во Лувр

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две лица се уапсени за кражба на кралски накит од музејот Лувр во Париз, објави Би-Би-Си. Француските медиуми објавија дека осомничените се уапсени во сабота, на 25 октомври.

Еден од нив е уапсен на аеродромот Шарл де Гол во Париз додека се обидувал да се качи на лет за Алжир. Според парискиот печат, уапсените мажи се по потекло од париското предградие Сен Дени. Девет парчиња накит од 19 век што им припаѓале на династиите на Наполеон Бонапарта и Наполеон III биле украдени од Лувр на 19 октомври.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Крадците испуштиле дијамантска круна за време на нивното бегство во близина на музејот. Полицијата верува дека крадците имале помош одвнатре. Остатокот од кралскиот накит бил преместен од музејот во трезорот на Банката на Франција од безбедносни причини.

Поврзани вести