Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски им се закани со скопско сценарио на кумановчани на кавги и блокади ако гласаат во вториот круг за независниот кандидат Горан Стојковски – Диро.
Со ова во целост паднаа маските за тоа кој го блокира Скопје и од кој причини ако досега беше нејасно.
Ова е директна уцена и закана на гласачите.
-Кога Кумановци ќе се обединат, не постои интрига што може да ги победи!
Вчеравечер, на популарните „Кошеви“ во населбата Гоце Делчев, одржавме мини митинг посетен од голем број на луѓе. Всушност вистински митинг, исполнет со позитивна енергија и заедничка желба за развој на Куманово.
Сега е моментот што не смееме да го испуштиме! Владата вложува сериозни средства во општините, и затоа е важно Куманово да има градоначалник кој е дел од владиниот тим, за да донесеме што повеќе проекти, инфраструктура и развој во нашиот град.
Во спротивно, ризикуваме да ни се случи „скопска Данела“, заглавени во кавги, блокади и застој. А тоа не му треба на никого.
Да се обединиме околу проекти, визија и работа, и да дадеме силна поддршка за Максим Димитриевски, за Куманово што чекори напред, со јасна насока и сигурна иднина!



