Анастасов: Осум години не дозволив долгови и блокади на Буџетот на Општината, од Тоневски наследив долг од два милиони евра!

Со мојот концепт на работење изминатите осум години, без делби и поделби, со подадена рака за сите граѓани, разликите се видливи. Драстична ќе биде и разликата за периодот кој ни претстои со оглед на веќе склучените договори, истакна во гостување на ТВ Телма кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич.

– Горд сум на сѐ што направивме изминативе осум години, ние имаме уникатна програма, гледам дека и други ја копираат, меѓутоа сме пример во државата, истакна градоначалникот. 

Како приоритетен проект го нагласи алтернативното водоснабдување.

– Најважно во Пробиштип е да се насочиме да овозможиме услови на компаниите кои работат, да ги задржат луѓето што работат. Прв проект е решавање на проблемот со водоснабдување во руралните средини, да озбезбедиме техничка вода за индустриските капацитети, да не ни ја трошат хлорираната вода. Во мојот мандат е донесена и нова инвестиција, меѓутоа никако во делот на тешката и загадувачка индустрија, затоа што Пробиштип има доволно загадувачи, вели Анастасов.

– Јас кога влегов во општината имаше два милиони евра долг, од мандатот на Тоневски и плус 50 милиони денари по однос на кредити, веднаш влеговме во работа за обезбедување на средства за донации за проекти. Јас за осум години не дозволив долгови и блокади во Општината, нагласи Анастасов.

Пронајдете не на следниве мрежи: