Вардар тече и пластични шишиња и ѓубре влече , само некултурата останува

  Институциите на системот не функционираат , ама не функционираат ниту граѓаните. И веројатно ќе биде постојаност и во иднина , затао што институциите се составени од истите тие граѓани, функциониерите не ни се увезени, туку се од истата што би рекле сега предизборно , народна маса.

Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека причините за ваквата состојба се должела на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. !? Бреј.
Министертвот не се дрзна, за да не добние негативни поени, дека граѓаните се непримерни во тој тетовски крај, па  фрлаат насекаде и немаат основна граѓанска култура, туку формулираше позната флоскула ни риба ни девојка .
ПА вели:

 “Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби.Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен„
МЖСПП: Пластичниот отпад во Вардар е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите

Инспекторите не се чистачи, туку граѓаните не треба да фрлаат каде што ќе им текне и само подалеку од нивниот двор или меѓа,  е тоа требаше да пишува во соопштението, до колку целта бече за подобро , а не само да се замашки или фрли ѓубрето под тепих, пардон во река.
Вардар си тече и секако и шишиња и ѓубре си влече само некултурата останува.
ДА

Пронајдете не на следниве мрежи: