Членот на здружението „Еко Фазан“, Лутфи Османи, сними редок момент од балканскиот рис во Кичево.На фотографија објавена на социјалните мрежи се гледа балканскиот рис, кој е редок во земјата.„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Лутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на овој редок предатор го докажува природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, се вели во соопштението на здружението „Еко Фазан“, кое ја објави фотографијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



