Карпош вложува во младите и во иднината!
Денес ја најавуваме новата мерка за поддршка на младите таленти од Карпош
Општината ќе субвенционира 30% од трошоците за курсеви поврзани со вештачка интелигенција, дигитални вештини и нови технологии.
Со оваа иницијатива сакаме младите да бидат чекор пред сите, да ги совладаат најсовремените знаења и да станат лидери во технолошкиот напредок.
Карпош секогаш бил симбол на образование, иновација и визија.
Сега, нашата цел е јасна – да создадеме генерација на високо обучени, добро платени и конкурентни млади луѓе кои ќе го носат Карпош во иднината.
#Карпош #СтевчоЈакимовски #МладиЗаИднината #AI #ВештачкаИнтелигенција #Иновации #ДаГоОдбранимеКарпош #КарпошРаботи



