Поради провалата во музејот Лувр во Париз, од каде што беа украдени неколку парчиња накит од колекцијата на Наполеон, синоќа беа уапсени пет осомничени, изјави денес парискиот обвинител Лор Беко. Главниот осомничен, „мозокот на операцијата“, наводно бил меѓу уапсените , објави АФП.
Канцеларијата на обвинителот во Париз објави дека украдените кралски накит, во вредност од 88 милиони евра, сè уште не се пронајдени.
Парискиот обвинител Лор Беко изјави за телевизијата БФМ дека еден од петте уапсени мажи „навистина бил една од целите на истражителите“.
„Тој беше на нашата „мета“. Постојат ДНК докази кои, од наша перспектива, го поврзуваат со извршениот грабеж“, рече Беко.
Таа рече дека другите четворица уапсени мажи ќе можат да дадат информации за тоа како се одвивале настаните поврзани со грабежот.
Таа додаде дека петте осомничени лица се уапсени на различни локации во Париз и парискиот регион, вклучително и во областа околу Обервилиер во Сен Дени.
„Претресите спроведени во текот на вечерта и ноќта не доведоа до откривање на плен“, рече Беко.
Таа додаде дека „истрагата добива на интензитет“ со секое пребарување и сослушување.
„Цигла по цигла, истрагата се интензивира и идентификацијата на сите учесници продолжува“, рече таа.
Француската телевизија BFM рано утрово објави дека синоќа е уапсен трет осомничен поради кражбата во музејот Лувр во Париз, од каде што беа украдени неколку парчиња накит од колекцијата на Наполеон.
Тој е осомничен дека бил на местото на злосторството на 19 октомври, кога се случил грабежот.
Според информациите на таа телевизија, третиот осомничен е уапсен во парискиот регион и е во полициски притвор.
Неговите двајца наводни соучесници беа уапсени во сабота, на 25 октомври , а според парискиот печат, тие се по потекло од париското предградие Сен Дени.
Според француските медиуми, кои се повикуваат на канцеларијата на парискиот обвинител, против двете лица кои претходно беа уапсени веќе е поднесено обвинение.
Француската радио станица RTL објави дека во среда навечер, пет нови осомничени биле уапсени истовремено во различни делови од главниот град, повикувајќи се на судски извори.
Кражбата откри безбедносни пропусти во најпосетуваниот музеј во светот и од многумина беше сфатена како причина за национално понижување.
Обвинителството во среда соопшти дека не ја исклучува можноста за поголема банда, вклучително и можноста за лице кое ја нарачало кражбата и било главен организатор.
Галеријата „Аполо“ на музејот Лувр беше ограбена на 19 октомври, кога од неа беа украдени осум парчиња накит што некогаш им припаѓале на француското кралско семејство или на царските владетели. Штетата се проценува на 88 милиони евра.
The post Петмина нови осомничени беа уапсени за спектакуларниот грабеж во Лувр, меѓу нив и „мозоците на операцијата“! appeared first on Во Центар.



