Минатата година, 65,5% од потребната енергија беше обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65,5% од вкупната побарувачка за енергија во земјата била задоволена од увоз, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Вкупната побарувачка на енергија во 2024 година изнесуваше 2.541.849 тони нафтен еквивалент (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаа нафтените производи со 44,7% и цврстите горива со 24,9%.

Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесуваше 842.142 тое, што претставува намалување од 10,6% во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со намалување од 20,9% и хидроенергијата со 15,8%, додека најзначајно зголемување од 140,0% е забележано кај сончевата електрична енергија.

Финалната потрошувачка на енергија во 2024 година изнесуваше 1.859.697 тое, по сектори: транспорт – 47,6%, домаќинства – 26,1%, индустрија – 16,9%, други сектори – 8,4%.

Уделот на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија е 39,4%, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија е 35,4%. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата е 1.727 KWh по глава на жител годишно.
The post Минатата година, 65,5% од потребната енергија беше обезбедена од увоз appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: