Инстаграм воведува опција за која многумина сонуваа: Фотошопот паѓа во заборав?

Корисниците на Инстаграм сега можат да ги уредуваат своите приказни користејќи алатки за вештачка интелигенција развиени од Мета.

Наместо класични филтри и рачни поставки, доволно е да напишете што сакате да промените — системот ќе ги додаде, отстрани или измени елементите на сликата според вашиот опис.

Досега, овие опции беа достапни само преку разговор со Meta AI чатботот, но новата интеграција носи многу поедноставен и побрз пристап директно во апликацијата.

Како функционира новата опција?

Во менито наречено „Restyle“, кое се појавува кога ќе ја допрете иконата со четка на екранот со приказната, можно е да изберете помеѓу командите „added, remove or change“. После тоа, едноставно ја пишувате промената што ја сакате — да речеме, променете ја бојата на косата, додадете круна или вметнете зајдисонце во позадина.

На овој начин, Мета сака да им обезбеди на корисниците покреативно и персонализирано уредување фотографии без потреба од дополнителни апликации.

Нови ефекти и можности за уредување

Мета, исто така, додаде сет на готови ефекти со вештачка интелигенција кои можат автоматски да го променат изгледот на вашата облека или целокупниот стил на фотографијата. На пример, можете да вметнете детали како очила за сонце, кожна јакна или да примените уметнички филтер што ја претвора сликата во акварел.

Кога станува збор за видеа, можно е да се додадат ефекти како снегулки или пламен, со што содржината ќе биде поживописна.

Нова функција што корисниците ја чекаа долго време

Треба да се напомене дека со користење на алатката Meta AI на Instagram, автоматски се согласувате со условите што ѝ дозволуваат на компанијата да користи вештачка интелигенција за анализа на вашите фотографии и видеа.

Ова значи дека Мета може да препознава елементи од слики, да ги менува, да обработува изрази на лицето и да генерира сосема нова визуелна содржина врз основа на постоечките.
The post Инстаграм воведува опција за која многумина сонуваа: Фотошопот паѓа во заборав? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: