петок, 27 ноември 2026
Најново

Марија Захарова: Развојот на Буревестник е реакција на акциите на НАТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија е принудена да одговори на дестабилизирачките акции на НАТО со развој на системи како „Буревестник“.

„Што се однесува до системите како Буревестник, како што руското раководство постојано наведуваше, нивниот развој е неопходен и се спроведува со цел да се одржи стратешката рамнотежа. Особено, нашата земја е принудена да одговори на сите дестабилизирачки акции на НАТО во областа на ракетната одбрана“, нагласи Захарова на брифинг, пренесува ТАСС.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На 26 октомври, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, му извести на врховниот командант Владимир Путин дека се завршени тестовите на крстосувачката ракета со неограничен дострел „Буревестник“.

Поврзани вести