Митко Костадиновски е човек кој сака и се бори за уште еден проект за Виница, човек кој е голем патриот и кој длабоко ја сака својата татковина, Македонија. Како премиер, тој ќе ја има мојата јасна поддршка за спроведување проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата, сите проекти што се дел од програмата ќе бидат реализирани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот мини-митинг во Виница како дел од изборната кампања за вториот круг од локалните избори во недела, 2 ноември.
Тој ја искористи можноста и од настанот во Виница, им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на Македонија за излегувањето на гласачките места и давањето масовна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на бројот 9. Исто така, ги повика сите оние кои останаа дома и не гласаа во првиот круг, мислејќи дека на овој начин ќе покажат еден вид пркос, ќе испратат еден вид порака што никој не ја знае, да излезат масовно да гласаат и да го остварат своето граѓанско право на избор.
The post Мицкоски ги исмејува поддржувачите на СДСМ: Гласајте за бројот 9 за да почнат реформите во СДСМ appeared first on Во Центар.



