Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените во случајот „27 април“, го загуби животот

Кире Ѓорѓиевски почина во затворот во Штип, потврди за МВР директорот на Воспитно-поправниот дом во Штип, Дејан Здравков.

Тој рече дека во моментов не може да сподели повеќе информации, бидејќи чекаат упатства од Основното јавно обвинителство.

Инаку, Ѓорѓиевски е еден од осудените за 27 април, а беше осуден на 13 години затвор.

Информациите за смртта на Ѓорѓиевски се шират на социјалните мрежи.
The post Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените во случајот „27 април“, го загуби животот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: