петок, 27 ноември 2026
Најново

Оброк кој ќе ве воодушеви со својата сочност: Направете ќофтиња во доматен сос за ручек

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако не знаете што да јадете за ручек, малите ќофтиња во доматен сос се едноставен и добар оброк. Можете да ги послужите со разни прилози како што се: пире од компири, тестенини, ориз и зеленчук.

Овој рецепт го најдовме на YouTube каналот „Кујна за 10“, каде што можете да најдете одлични предлози за ручек, како и други интересни оброци. Прилагодете ги состојките според вашите потреби.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Состојки:

мелено говедско месокромидјајцепрезласвеж магдоносмаслобрашнодоматно пирезачини: бибер, сол, сода бикарбона, сув зачин, сладок мелен пипер

Подготовка:

Измешајте го меленото месо со исечканиот кромид и додадете: јајце, бибер, сол, сода бикарбона, сув зачин и сладок пипер. После тоа, додадете ги презлата, магдоносот и една лажица масло и добро измешајте сè.

Формирајте мали топчиња и пржете ги на средна температура, постојано превртувајќи ги. Кога ќе поруменат лесно, додадете две лажици брашно и продолжете со пржење. Додадете половина литар топла вода и две лажици доматно пире и промешајте. Гответе на тивок оган околу половина час и додадете дополнителни зачини на крајот.