Енди Џаси, извршен директор на „Амазон“, зборуваше за намерата на компанијата да отпушти 14.000 работници, тврдејќи дека причината за тоа воопшто не е од финансиска природа.
Имено, според него, причината за ова е недостаток на културна усогласеност и ништо друго.
„Објавата од пред неколку дена навистина не е финансиски мотивирана, дури не е ни прашање на вештачка интелигенција (ВИ), барем не сега. Тоа е прашање на култура“, рече тој.
Овие отпуштања се претежно менаџери од средно ниво, а беа објавени откако Џеси изјави во летото оваа година дека на „Амазон“ ќе му требаат помалку работници благодарение на ефикасноста што ја носи вештачката интелигенција. Сепак, вишиот потпретседател за човечки ресурси на „Амазон“, Бет Галети, нагласи дека отпуштањата се поврзани со прилагодувањето кон „трансформативните технологии“.
Џеси потсети дека бизнисот на Амазон расте и дека тие имаат 1,55 милиони работници низ целиот свет. За споредба, оваа компанија имала 798 илјади работници на крајот на 2019 година.
„Ако растете брзо како што ние растеме веќе неколку години, големината на компанијата, бројот на луѓе, бројот на локации, активностите во кои се занимавате, на крајот ќе имате многу повеќе вработени отколку што сте имале и ќе имате многу посложена организација“, потсети тој и истакна дека таков раст може да има последици.
Од друга страна, портпаролот на „Амазон“ не сакаше да коментира за намерата за отпуштање на 14.000 работници.
Неколку други американски компании планираат да отпуштат неколку илјади работници, додека неколку компании планираат да паузираат со вработувањата, а причината за ова е вештачката интелигенција. Најчесто во компаниите од технолошката, медиумската и телекомуникациската индустрија има голем број отпуштања поради вештачката интелигенција, пишува бизнис порталот Fortune .
The post Извршниот директор на Амазон тврди дека 14.000 работници нема да бидат отпуштени поради финансии, туку поради култура appeared first on Во Центар.



