Пирс Морган го најави најличното и најотвореното интервју во кариерата на Кристијано Роналдо, кое ќе биде емитувано во вторник, 4 ноември, а интересни фрагменти веќе се појавија на Твитер.
Во краток клип кој веќе стана вирален на социјалните мрежи, Морган го праша Роналдо за мислењето на Вејн Руни, кој рече дека Лионел Меси е подобар од Роналдо.
„Меси е подобар од мене? Не се согласувам. Не сакам да бидам скромен“, рече Роналдо.
Wayne Rooney says he doesn’t hate you but sees Messi as better than you?Cristiano Ronaldo: “I don’t agree [that Messi is better]. I don’t want to be humble…” pic.twitter.com/wSwOSTX9m2— MessiMania (@M10Update) November 3, 2025
Роналдо уште еднаш јасно стави до знаење дека се смета себеси за подобар од аргентинскиот ас, отворајќи ја повторно вечната дебата за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Иако статистиката покажува дека Португалецот е најдобриот стрелец во историјата, Меси сè уште е предводник по бројот на освоени трофеи, и индивидуални и колективни.
The post Роналдо беше прашан дали Меси е подобар од него: Погледнете го целосно искрениот одговор на Португалецот (видео) appeared first on Во Центар.



