Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги утврди тројцата нови пратеници кои ќе ги заменат досегашните членови на Собранието што неодамна беа избрани за градоначалници.
Според официјалното соопштение, местата на:
Бети Стаменковска-Трајковска, новоизбрана градоначалничка на општина Кисела Вода,
Јане Мицевски, избран за градоначалник на општина Сопиште,
и Дејан Проданоски, нов градоначалник на Прилеп,
ќе ги пополнат новите пратеници:
Александра Николовска,
Мартин Стојановски,
и Мито Андонов.
Со ова, Собранието повторно ќе има полн состав, а ДИК ја спроведе законската процедура за замена на пратеничките мандати согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, потсети дека со денот на верификација на градоначалничкиот мандат, автоматски престанува пратеничкиот мандат на избраните функционери.
Во наредните денови се очекува ДИК да го испрати официјалното известување до Собранието, по што новите пратеници и формално ќе ги преземат своите места во законодавниот дом.
The post ДИК ги потврди новите тројца пратеници – замените на избраните градоначалници appeared first on Во Центар.



