Лошите резултати на локалните избори предизвикаа турбуленции во СДСМ

По лошите резултати на локалните избори на кои СДСМ освои само шест општини, ова предизвика турбуленции во партијата, што резултираше и со оставки. По оставката на заменик-лидерката Ана Чупевска, вчера и кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, Костадин Ацевски, поднесе неотповиклива оставка.„Иако вложив сите мои напори, без калкулација, резултатот е сепак лош. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на општинската организација. Сметам дека е правилно и потребно лидерот Филипче и целото раководство на СДСМ да поднесат оставка. Не само поради лошите резултати, туку и поради начинот на кој дејствуваше СДСМ во изминатиот период“, изјави Костадин Ацевски – кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера најави целосна анализа и промени во раководството. Во наредните денови ќе се состанат партиските тела, каде што ќе бидат одобрени нови кадровски одлуки.„Овие избори се јасен показател за СДСМ, секако јасен показател за мене како претседател на партијата, јасно е какви промени треба да се направат, и во политичкиот и во личниот аспект. Како што веќе најавив, промените ќе следат во наредните денови. Ќе се одржат седници на Извршниот и Централниот совет, на кои ќе ги објавам тие промени“, додаде Венко Филипче – претседател на СДСМ.Претседателот на СДСМ рече дека не поднесува оставка и дека партијата останува во процес на консолидација по изборните порази. Тој нагласи дека резултатите се сигнал за лекции и промени, додека борбата против актуелната влада продолжува. Филипче нагласи дека според изборните резултати на советничките листи и бројот на гласови, СДСМ беше втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. 
The post Лошите резултати на локалните избори предизвикаа турбуленции во СДСМ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: