Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, за време на презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, изјави дека Северна Македонија мора да ги спроведе уставните измени, пренесува Телеграф Македонија.
„Македонија е целосно во согласност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и продолжува да работи на деловите поврзани со Кластер 1, но треба да ги спроведе уставните измени“, изјави Кос.
Во однос на земјата, Кос накратко во две реченици нагласи дека таа е целосно во согласност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и продолжуваат техничките подготовки во врска со мапата на патот и Акцискиот план за преговори по првиот кластер.
Таа, исто така, нагласи дека земјата мора да преземе „одлучни чекори“ за да напредува во преговорите за членство и вели дека мора да „го измени Уставот во согласност со заклучоците на Советот од 2022 година, со цел да напредува на својот пат кон ЕУ“.
„Земјата не презеде решителни чекори за напредок во процесот на преговори за пристапување во текот на изминатата година. Таа мора да спроведе уставни измени во согласност со заклучоците од Европскиот совет во 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската Унија“, нагласи Кос пред Комитетот за надворешни работи.
The post Кос: Северна Македонија мора да спроведе уставни измени appeared first on Во Центар.



