Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува важни средби во наредните денови со претставници на ЕУ, како и со Русите, нагласувајќи дека проблемот со НИС мора да се реши, но дека верува дека ќе успее да го реши.
„Тоа би било големо олеснување за нашата земја и нашиот народ, а потоа ќе можеме да се посветиме на Експа“, изјави Вучиќ за српската ТВ Информер.
Тој нагласува дека Русите работат на решавање на проблемот со НИС.
„Како што слушам, тие работат и јас сум среќен поради тоа и што ја сфатиле ситуацијата сериозно, и ние мора да се согласиме со нив и со секој со кого ќе склучат договор, како и со Американците“, нагласи Вучиќ.
Тој нагласува дека не е песимист, барем не на начинот на кој бил досега.



