Вучиќ разговараше со Зеленски: Ќе одржуваме отворени канали за комуникација во наредниот период

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со својот украински колега Володимир Зеленски, и како што изјави тој во таа пригода, тие се согласија дека постои простор за меѓусебна поддршка на која двете земји ќе продолжат да работат заедно.

Вучиќ изјави дека имал отворен и суштински разговор со Зеленски за односите меѓу Србија и Украина, европската перспектива на двете земји и меѓународната агенда за наредниот период.

„Се согласивме да одржуваме отворени канали за комуникација во наредниот период“, напиша Вучиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Пронајдете не на следниве мрежи: