четврток, 26 ноември 2026
Најново

Спречена трагедија во Скопje: Бомба и 100 куршуми пронајдени во автомобил на Бит Пазар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата соопштува дека во раните утрински часови денес, во возилото „Фиат“ на сопственикот Е.Р. во населбата Бит Пазар е пронајдена бомба М75.

Според соопштението на полицијата, сопственикот моментално е во Италија и добил заканувачка порака за поставување бомба.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Денес (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот едно лице влегло во гаражата на семејната куќа на Е.Р., во населбата Бит Пазар, кој моментално се наоѓа во Италија. Малку подоцна, сопственикот добил заканувачка порака и известување дека во неговото возило е поставена бомба.“

Полицијата пристигна на местото на настанот и по преземените мерки, во неговото возило „Фиат“ со скопски регистарски таблички, поврзана со рачката на вратата од возачот, пронајдена е бомба марка М75.

„Исто така, извршен е претрес на друго возило „Фиат“ со италијански регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат, А.Е., кој исто така живее и работи во Италија, каде во багажникот е пронајдена кутија со 100 патрони за автоматско оружје калибар 7,62 мм“, соопшти МВР.

Поврзани вести