Новиот градоначалник на Град Скопјe, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го прими сертификатот за мандат и најави дека вечерва ќе започне првата голема акција за чистење на градот, едно од главните ветувања од неговата кампања.
„Официјално, почнувајќи од денес, Скопје отвора нова страница. Сертификатот што го добив е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните, но и голема одговорност да работам со посветеност и конкретни резултати. Ќе бидам градоначалник за сите, без верски, национални или партиски разлики. За мене нема поделба. Мојот приоритет е подобра иднина и достоинствен живот за сите. Имате мој збор“, напиша тој на Фејсбук.
Ѓорѓиевски најави дека вечерва, во 20:30 часот, ќе започне 72-часовната акција за чистење на Скопско. Според него, од утре ќе започне реорганизацијата на јавните претпријатија за нормализирање на функционирањето на градот.
Тој најави дека наскоро ќе бидат лансирани многу нови проекти, вклучувајќи инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина, како и враќање на транспарентноста во работата на општината.
The post Ѓорѓиевски ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопјe: Вечерва почнуваме со чистење на градот appeared first on Во Центар.



