четврток, 26 ноември 2026
Најново

Лишени од слобода две лица поради кражба на огревно дрво

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 06.11.2025  во атар на с.Преглово, општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64), двајцата од с.Преглово, општина Пласница. Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.

 Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести