Шест лица загинаа за време на брканица со автомобили со мигранти и полицијата во регионот Бургас во Бугарија , потврди директорот на граничната полиција, Антон Златанов.
Автомобилот што падна во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот.
Според медиумите, автомобилот „Шкода“ се движел со брзина од 150 км/ч кога слетал во езерото.
Целата ситуација траеше околу 34 минути, додаде Златанов.
„Околу 21:20 часот, патролата забележала многу агресивно и брзо возење и се обидела да го запре возилото. Тоа не застанало“, рекол тој.
Тој додаде дека автомобилот упорно одбивал да застане и двапати го сменил правецот. На крајот, се упатил кон Бургас, каде што полицијата поставила двоен контролен пункт.
Тие се обидоа да го запрат со шилци, но возачот на автомобилот со мигрантите се држеше за друг автомобил што се движеше по патот.
„Возеше блиску зад него, дури го удри одзади еднаш или двапати. Сакаше да вози блиску до него за да не употребиме шилци. Луѓето во овој автомобил се добро, нивните колеги веднаш ги идентификуваа по инцидентот“, додаде Златанов.
Сепак, после тоа, автомобилот со мигрантите слета во езерото. Шест лица загинаа, додека четворица, вклучувајќи го и возачот, беа повредени.
Преживеаните мигранти рекоа дека се од Авганистан.
The post Автомобилот слета во езерото за време на брканицата со полицијата, 6 лица загинаа! Страшни сцени по драмата во Бугарија appeared first on Во Центар.



