Новиот албум на Тејлор Свифт не се најде на листата на Греми: Не доби ниту една номинација (видео)

Номинациите за Греми наградите за 2026 година се објавени, а обожавателите на пејачката Тејлор Свифт веднаш забележаа едно големо изненадување: нејзиниот нов албум „The Life of a Showgirl“ не доби ниту една номинација.

Имено, причината за ова е од техничка природа. Албумот е издаден по завршувањето на периодот за аплицирање за оваа година. Издавачите можеа да поднесат проекти објавени помеѓу 31 август 2024 и 30 август 2025 година, додека „Животот на една шоугерл“ е издаден на 3 октомври 2025 година.

Поради ова, албумот ќе биде земен предвид само за Греми наградите во 2027 година.

Меѓу имињата што најмногу се споменуваа пред да бидат објавени номинациите беа Сабрина Карпентер, Кендрик Ламар, Лејди Гага и Бед Бани, идната ѕвезда на Супербоул. Сега е официјално потврдено кој се натпреварува во најважните категории.

Церемонијата на доделување на наградите Греми во 2026 година е закажана за 1 февруари 2026 година, во Crypto.com Arena во Лос Анџелес, каде што ќе бидат претставени победниците во сите категории.
The post Новиот албум на Тејлор Свифт не се најде на листата на Греми: Не доби ниту една номинација (видео) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: