четврток, 26 ноември 2026
Најново

Заборавете на СКАПАТА хемија: Направете сами средство за чистење стакло и прозори, ќе бидете воодушевени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Понекогаш едноставно не е доволно да купувате разноразни средства за чистење, особено кога станува збор за прозорците. Од многу производи остануваат бели траги и прозорците никогаш не се блескаво чисти.

Ако сакате на едноставен, брз и евтин начин да го направите најдоброто средство за отстранување на нечистотијата од прозорците, пробајте го овој рецепт.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ова домашно средство за чистење на стакло воопшто нема да му наштети ниту на вашето здравје.

Состојките кои ви се потребни најверојатно ги имате во домот, а тие се:

2 чаши вода
1/4 чаша алкохолен оцет
половина лажица средство за миење садови.

Сите состојки полека помешајте ги со цел да не создадете пена. Нанесете со прскалка на стаклото и избришете со памучна крпа.

Со ова средство можете да ги чистите и стаклата од туш кабината бидејќи совршено ќе ги отстрани дамките од бигор.