Топла прегратка во шолја: Комбинација од чоколадо и џин што ја загрева душата

Ако сте планирале вечерно дружење додека надвор е студено и врнежливо, или едноставно сакате да се почастите за викендот – имаме одлична идеја. За само неколку минути, подгответе топло чоколадо со џин и уживајте во двојно загревање.

Топло чоколадо со џин – состојки:

150 г темно чоколадо150 г млечно чоколадо150 мл млеко200 мл густа павлака2 лажици шеќер50 мл џинпо желба маршмелоу

Топло чоколадо со џин – подготовка:

-Скршете го чоколадото на мали парчиња.-Измешајте ја павлаката, млекото и шеќерот и ставете ги во длабок сад.-Кога смесата од млеко ќе зоврие, намалете ја топлината, додадете го чоколадото и мешајте постојано додека не добиете мазна, компактна и густа смеса.-На самиот крај, истурете го џинот. Сервирајте во чаша, а по желба додадете маршмелоу.

Совет: Ако сакате погуста смеса, додадете малку помалку млеко. Ако сакате екстра густо топло чоколадо, измешајте една лажичка згуснувач со малку вода и додадете го во стопеното чоколадо на самиот крај.

Пронајдете не на следниве мрежи: