Македонија, преку структурите и телата за управување со средства од инструментот ИПА/ИПАРД на Европската Унија, одлучи привремено да ги суспендира исплатите на средства од програмата ИПАРД. Ова се наведува во соопштението на Министерството за финансии на Република Македонија.
Тие објаснуваат дека оваа одлука доаѓа по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Европската комисија и службите во Брисел беа известени за оваа одлука истиот ден, кои известија и ја поздравија одлуката на Националните структури.
„Целта е да се обезбеди гаранција дека воспоставениот систем гарантира законитост и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефикасни мерки за заштита од измами и корупција.
Во моментов, Националните структури за управување со средства од инструментот ИПА/ИПАРД веќе преземаат дополнителни мерки и активности поврзани со тековните случувања.
„Република Македонија од Европската комисија го доби правото да го децентрализира управувањето со средствата од инструментот ИПА/ИПАРД од 2009 година“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
The post Македонија донесе одлука во врска со привременото запирање на исплатите на средства од ИПАРД програмата appeared first on Во Центар.



