СПАНАЌ СО МЛЕКО КАКО ОД РЕСТОРАН: Ќе биде кремаст и без грутки

Ви треба:

300 г спанаќ2 чешниња лук1 лажица путер1 лажица брашно250 мл млекосолбибер

Подготовка:

Загрејте го путерот и додадете ситно сечкан лук и кратко пропржете. Потоа додадете го брашното и мешајте половина минута, додека не се соедини. Додадете го млекото во тенок млаз, мешајќи постојано за да не се направат грутки. Додадете го сечканиот спанаќ и гответе 2 до 3 минути, додека не се згусне. Зачинете со сол и црн пипер.

Пронајдете не на следниве мрежи: