Министерството за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, денес изјави дека предлог-буџетот за 2026 година не е само документ со бројки и табели, туку е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и продолжуваме со полн капацитет.
„Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме мудро, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за растечка економија, држава што инвестира и Влада што знае што прави“, нагласи министерот.
Таа рече дека очекува аргументирана, квалитативна и продуктивна дискусија од Комисијата.
Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, додека капиталните инвестиции се проектирани на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Пленарната седница, каде што ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите е закажана да се одржи на 9 декември.
The post На 9 декември ќе се одржи пленарна седница за разгледување на предложениот буџет за 2026 година appeared first on Во Центар.



