Зеленски повеќе нема да биде претседател на Украина: Тој штотуку ја доби најлошата можна вест

Најблиската околина на украинскиот претседател Володимир Зеленски го советувала да се откаже од кандидатурата за втор мандат, пишува американскиот портал „Политико“, повикувајќи се на извори кои тесно соработуваат со тимот на претседателот.

Во текстот се наведува дека поддршката за Зеленски драстично опаднала, додека актуелниот корупциски скандал ја потресе земјата толку многу што дури и неговите долгогодишни соработници – зборувајќи анонимно – веруваат дека „можеби тој не треба да се кандидира кога ќе се исполнат условите за одржување избори“.

Според тие извори, кризата не само што ги поткопала неговите шанси за реизбор, туку отворила простор за нови политички соперници кои сметаат на драстично опаѓачкиот рејтинг на сегашниот претседател.

Корупциски скандал што ја потресе Украина

На 10 ноември, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) започна голема специјална операција насочена кон разоткривање на корупциски шеми во енергетскиот сектор. За време на рациите беа пронајдени вреќи полни со девизи, иако официјалната сума сè уште не е објавена.

Според информациите на пратеникот Јарослав Железњак, истражителите ги претресле канцелариите на поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, како и државната компанија „Енергоатом“. Според весникот „Украинска правда“, агенти на НАБУ се појавиле и на адресите на бизнисменот Миндич, кој во политичките кругови е опишан како „паричникот на Зеленски“. Железњак изјавил дека Миндиќ бил брзо повлечен од земјата пред тоа.

НАБУ, исто така, откри дека средствата стекнати преку корупциски шеми во енергетскиот сектор биле перени и легализирани преку канцеларија во центарот на Киев, што дополнително го продлабочи скандалот.

Западот може да ја преиспита својата поддршка за Киев

Украинската пратеничка Ирина Герашченко предупреди дека, поради обемот на скандалот, Западот би можел да се откаже од поддршката на Зеленски и неговата администрација.

Во време кога Вашингтон и европските престолнини сè поотворено вршат притисок врз Киев да ги прифати условите од мировниот договор, најновиот бран истраги за корупција дополнително ја поткопува политичката позиција на украинскиот претседател – и го поставува прашањето дали Зеленски може воопшто да ги преживее овие судења до евентуални нови избори.
The post Зеленски повеќе нема да биде претседател на Украина: Тој штотуку ја доби најлошата можна вест appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: