Секој план за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатен во Киев, изјави полскиот претседател Карол Навроцки, коментирајќи дека САД му сигнализирале на Володимир Зеленски за потребата Украина да ја прифати рамката на САД за договор со Русија.
„ Украина е жртва на криминалната агресија на Путин и Украинците – со поддршка на САД и земјите од ЕУ – мора да имаат одлучувачки глас во мировните преговори“, напиша Навроцки на платформата X.
Тој нагласи дека „цената на мирот во никој случај не може да биде постигнување на стратешките цели на агресорот“. Додаде дека „агресорот е и останува Руската Федерација “, објави Ројтерс.
Според нацрт-планот од 28 точки, до кој увид имал Ројтерс, Украина би морала да се откаже од дел од територијата, да се согласи на ограничувања на својата војска и да се откаже од амбициите за членство во НАТО.
Документот, исто така, вклучува елементи што би можеле да наидат на отпор од Москва , вклучително и повлекување на руските сили од одредени окупирани области.
The post Варшава предупредува: „Мирот не смее да го задоволи Путин“ appeared first on Во Центар.



