Денеска, со почеток во 16 часот, во рамките на 12. коло од англиската Премиер лига се одиграа уште пет натпревари. Најголемо изненадување беше тешкиот пораз на Ливерпул на „Енфилд“ од Нотингем Форест, кој заврши со резултат 3:0.
Екипата на Арне Слот продолжи со ужасниот настап во домашното првенство, а целиот плен од „Енфилд“ денес го зеде Нотингем Форест. Ова беше шестиот загубен натпревар за „Црвените“, кои сега речиси сигурно ќе бидат елиминирани од трката за титулата.
Головите за Нотингем ги постигнаа Муриљо во 33-тата, Савона во 46-тата и Гибс-Вајт во 78-мата минута за голем триумф.
Борнмут ремизираше со Вест Хем на домашен терен. „Чеканите“ имаа големо водство по првото полувреме, водејќи со 2:0, а Вилсон беше двоен стрелец.
Во второто полувреме, домашните постигнаа вреден бод преку Таверние и Унал.
По пресвртот, Брајтон го победи Брентфорд со 2:1. Гостите поведоа преку Тијаго во 29-тата минута, а во вториот дел, Брајтон оствари вредна победа со головите на Велбек и Хиншелвуд.
Кристал Палас победи против Вулверхемптон со резултат од 2:0, додека Фулам минимално го победи Сандерленд, и беше 1:0.
The post Агонијата на Ливерпул продолжува, „Црвените“ декласирани на „Енфилд“ од Нотингем appeared first on Во Центар.



