,,Ја силувал и полово ја нападнал поранешната девојка!” – Обвинителството во Гевгелија отвора истражна постапка против осомничениот

Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека е издадена Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело „Полов напад и силување“. Според обвинителството, постои основно сомнение дека на 19 ноември, осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасната волја на оштетената, ја принудил на сексуален однос.

„Тој ја чекал жртвата, со која претходно бил во подолга врска, која таа ја раскинала, пред нејзиното работно место и ја поканил во автомобилот за да разговараат и да ја однесе дома. Но, наместо тоа, го свртел автомобилот на друга улица и внатре во автомобилот ја удрил во лицето и ѝ се заканил дека не треба да има врска со никого друг. Кога застанал, жртвата излегла од автомобилот, но ја удрил и удрил назад во автомобилот и ја принудил на сексуален однос, на што таа постојано се спротивставувала“, се вели во соопштението на ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија за определување мерка притвор за осомничениот.
The post ,,Ја силувал и полово ја нападнал поранешната девојка!” – Обвинителството во Гевгелија отвора истражна постапка против осомничениот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: