Во емисијата Во Центар со Васко Ефтов, меѓу другото, Насер Зибери како директрен учесник во преговорите во конфликтот во 2001 година, откри детали и за тајната логистика на Али Ахмети. „Во 2001 година, Али Ахмети формално бил лице под истрага на НАТО кое го барала, а всушност го криеше.“ Средбите на Насер Зибери (ПДП) со Ахмети во Призрен (март 2001) биле организирани и спонзорирани доминантно од Британци и надворешни структури преку локален штаб на Косово. Оваа структура на Косово била комбинирана (политичка и воена) и го организирала техничкиот дел на средбата.
„Ахмети во тоа време беше формално лице под истрага на НАТО кое го бараше а всушност го криеше во Призрен. Тие се изјавите на лордот Робертсон. И идејата претпоставувам иако не сум разговарал на таа тема била да он воспостави линк со политичките структури со претставниците на Албанците во собрание, во влада тука за да може а да го опипа пулсот кај политичката структура на Албанците за тоа што се случува.“
„Средбите беа во Призрен, освен другите покасно во Шипковица. Во Призрен две средби имавме.-И како се организирани тие средби од Американци, Британци и Израелци или доминантно Британци?
„Спонзорирани од Британци, од надворешни структури а преку локален став на Косово, кои знаеа точно каде се наоѓа, како може да се стигне и така натаму.-Политичко или милитарно војничко ниво е тој локален став? „Комбинирано, од Косово се разбира. А јас мора да кажам дека а идејата да се сретнеме беше негова.
Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:
The post Тајната логистика на Али Ахмети во 2001: Како НАТО го бараше, а меѓународниот фактор го криеше во Призрен appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



