Црната листа на Артан Груби: Заштита за Али Ахмети?

Артан Груби заврши на црна листа додека Али Ахмети правеше протести пред Уставен суд. Се перцепира дека Груби бил ставен на црна листа за да му се олесни товарот на Али Ахмети, бидејќи Груби веќе му претставувал сериозен терет. Кај структурите на ДУИ, Ахмети почнал да се перцепира како заложник на Артан Груби. Врските Ахмети-Груби беа дел од разговорите во синоќешното интервју на Насер Зибер за емисијата Во Центар со Васко Ефтов.

„И додека ги прави Али Ахмети шаторите пред Уставен суд, на црна листа завршува Артан Груби или изведувачот на политиката на Али Ахмети на терен. А за А знаете зошто?“-Зошто?„Зошто меѓународниот фактор знаеше точко точно дека Уставниот суд нема да се осмели да донесе таква одлука и му го имаше соопштено на Али Амети. Не излегувај да се компромитираш. Седи таму нема да се се случи ништо.“-Значи Артен Груби ставен е на црна листа за да биде заштитен Али Ахмети?„Абе не знам дали да биде заштитен или да му се олесни теретот. Зошо мислам дека Артан Груби веќе му претставуваше терет.“

-Добро каде е врската да речеме на на Али Ахмети и на Артан Груби? Со што точно се гледа дека Артан Груби е и причината за растурање на на концептот европскиот фронт, неуспехот на Груевски, ставање на црна листа, омаловажување. Македонците се чувствуваа омаловажени со неговиот настап, со играњето фудбал, кошарка и така натаму..„Јас не ја знам причината, но дека беше десна рака на Али Амети, тоа е факт. Тој имаше сериозно влијание врз одлуките кои ги носеше Али Амети и тоа е факт дека често пати на погрешни патеки го водеше процесот и тоа е факт и мислам дека Али Амети кај структурите на ДУИ почна да се перцептира како заложник на Артан Груби.

Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:

The post Црната листа на Артан Груби: Заштита за Али Ахмети? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: