Победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај својот градски ривал Сити со резултат 2-3 ја донесе Робин Ван Перси од слободен удар во втората минута од продолжението.
Претходно Манчестер Јунајтед пропушти два гола предност од првото полувреме а во продолжение во сомнителни околности беше поништен гол на Ешли Јанг.
Сити по израмнувањето делуваше опасно и беше близу и до постигнување на победоносен погодок на мечот, но тогаш следеше една акција на Јунајтед во која Рафаел изнуди слободен удар од десната страна, а стрелаше Робин Ван Перси со помош на катастрофалната реакција на Самир Насри кој беше во живиот ѕид и реагираше почетнички.
Пронајдете не на следниве мрежи: