Помалку бракови и повеќе разводи евидентираше Државниот завод за статистика во третиот квартал од оваа година.
Во овој квартал се склучени 3.514 бракови, а нивниот број е намален за 2,8% во споредба со истиот период во 2024 година.
Регистрирани се 470 разводи, што е зголемување од 27,7% во споредба со минатата година.
Исто така, во третиот квартал од 2025 година, бројот на живородени деца изнесувал 4.431, што претставува зголемување од 3,7% во споредба со истиот период од 2024 година. Бројот на смртни случаи, пак, се намалил за 0,5% во споредба со истиот квартал од 2024 година и достигнал 4.849, од кои 20 се смртни случаи на доенчиња.
The post Бројот на бракови се намалува, а разводите се зголемуваaт во Македонија appeared first on Во Центар.



