Имињата и е-адресите на корисниците на API се компромитирани.
Компанијата OpenAI објави дека имало инцидент во кој податоците на голем број корисници на нејзината API услуга биле компромитирани, откако анализата покажала дека третата страна Mixpanel споделувала информации без овластување поради безбедносен пропуст во нејзиниот систем.
Според деталите објавени од OpenAI, откриени се податоци, вклучувајќи го името на сметката, адресата на е-пошта, приближната локација на корисникот, како и информации за оперативниот систем, прелистувачот и страниците што го упатиле корисникот на платформата OpenAI. Засегнати се само корисниците што го користат API-то преку platform.openai.com.
Компанијата нагласува дека нема индикации дека чувствителни податоци, како што се лозинки, податоци за плаќање, историја на разговори, идентификациски броеви или API клучеви, биле компромитирани. Внатрешните системи на OpenAI, како што наведуваат, не биле нарушени.
Исто така, компанијата потврдува дека корисниците на моделот ChatGPT AI не се засегнати од ова компромитирање на податоците.
Dammit! Just got a data breach notification from @OpenAI related to @mixpanel: pic.twitter.com/y8shHPTOPU— Troy Hunt (@troyhunt) November 27, 2025
По инцидентот, OpenAI ја прекина соработката со Mixpanel, започна темелна истрага и ги извести потенцијално засегнатите корисници. Компанијата ги предупредува корисниците да бидат внимателни во врска со можни обиди за фишинг, бидејќи изложените податоци можат да се користат за напади со социјален инженеринг.
Компанијата OpenAI нагласува дека транспарентноста е приоритет , како и дека дополнително ќе ги заострат стандардите за безбедносен надзор над надворешните партнери со цел да се спречат слични инциденти во иднина.
The post OpenAI потврди: Хакнати сме appeared first on Во Центар.



