Сите го имаме овој чај дома, а никој не сака да го пие: Тој е бомба за здравјето – штити од грип и го штити срцето

Растението вресок е вистински дар од природата и еден од најдобрите сојузници за зачувување на здравјето.

Неговиот чај, кој се користи уште од античко време, е препознатлив по своите моќни корисни својства и пријатен вкус. Благодарение на есенцијалните масла и антиоксидансите што ги содржи, овој напиток има благотворно дејство врз целото тело.

Редовното пиење чај од вреокс помага во смирување на желудникот, го подобрува варењето на храната и ги ублажува тегобите како што се надуеност и гастритис. Неговите антисептички својства придонесуваат за заштита од настинки и грип , а истовремено го зајакнуваат имунитетот и придонесуваат за подобра општа состојба на организмот. Покрај тоа, има позитивен ефект врз крвниот притисок, циркулацијата и нервниот систем, па затоа е одличен избор за оние кои сакаат да се релаксираат и да го ослободат стресот по напорен ден.

Подготовката е едноставна, прелијте една лажичка сув чај со шолја врела вода, оставете да отстои пет минути и уживајте во топол, ароматичен пијалок кој ги комбинира вкусот и здравјето.
The post Сите го имаме овој чај дома, а никој не сака да го пие: Тој е бомба за здравјето – штити од грип и го штити срцето appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: