Сашо Топаловски од СВР-Скопје, во емисијата „Претрес“ зборуваше за системот „Безбеден град“. Топаловски нагласи дека казните ќе бидат повлечени доколку возачот брзо се упати кон болница, но додаде дека тоа ќе биде проверено.
„Ќе провериме дали некој што возел со вклучени сите четири предупредувачки светла навистина брзал да спаси живот – свој или на роднина. Ако лицето одело во болница, нема теорија да добие казна. Ова може да се провери и казната ќе биде повлечена“, рече Сашо Топалевски од СВР-Скопје.
Тој додаде дека системот „Безбеден град“ е дизајниран така што ниеден запис не може да се избрише.
„Системот е дизајниран така што никој не може да ги избрише видео снимките. Снимките се чуваат засекогаш – колку точно, не знам, еден месец или една година. Но, не може да се случи некој прекршок да остане необработен.“
„Системот ќе ги обработи сите прекршоци и ќе испрати известување преку е-пошта или СМС-порака“, рече Топаловски.
The post Топаловски: Казните ќе бидат повлечени ако возачот брзaл кон болница, имаме начин да го потврдиме тоа appeared first on Во Центар.



