Сите згодни мажи носат бради: Психолозите откриваат зошто жените ги сакаат и што стои зад трендот

Избриченото машко лице денес стана реткост. Од тридневни бради до густи, совршено негувани бради, влакната на лицето кај мажите станаа тренд. Доволно е да се погледнат познати мажи, без разлика дали се актери, пејачи или политичари кои гордо носат бради и да се заклучи дека навистина сме влегле во ерата на брадата.

Малку историја на брадата

Иако се чини дека денешната лудост за брада е нешто ново, влакната на лицето отсекогаш имале свои циклуси – доаѓаат, си одат, повторно се враќаат. Во последните 50 години, трендот на чисто избричени бради доминираше, а дури неодамна брадите повторно се појавија во центарот на вниманието. Интересно е што Џ.Д. Венс беше првиот кандидат на голема американска партија што се појави на претседателската листа со брада во последните 75 години.

Кијану Ривс 

Историјата памети четири големи периоди на бради: во 2 век, во текот на средниот век, ренесансата и кон крајот на 19 век. А денес, се чини, живееме во петтиот. Само помислете на некои познати бради: Хенри VIII, Шекспир (и Мојсеј), сликарот Ентони ван Дајк, па сè до Линколн, Маркс.

Брадата како симбол на машкост, но и бунт

Традиционално, брадата претставувала моќ и машкост. Но, во текот на 60-тите и 70-тите години, таа станала симбол на бунт против системот, пишува „Њујорк тајмс“. Само сетете се на филмот „Коса“ или Фидел Кастро . „Човекот во сиво одело“ речиси секогаш бил избричен. Подоцна, со зајакнувањето на корпоративниот свет, брадата станала непожелна, се сметала за неуредна или дури и сомнителна. Ја носеле планинари, професори и – дедовци.

Влегување во нова ера на бради

Денес е јасно дека трендот повторно се менува. Не само што актерите, пејачите и политичарите носат бради, туку легендарните „Њујорк Јенкис“, познати по тоа што имаат најстрог кодекс на облекување, конечно попуштија и им дозволија на играчите да носат брада на лицето, сè додека е уредна. „Дизни“ направи сличен пресврт уште во 2012 година.

Џорџ Клуни 

Дозволувањето носење брада порано значеше триумф на индивидуалноста над правилата. Меѓутоа, денес враќањето на брадата се чини длабоко поврзано со пошироките дискусии за модерната машкост.

Брадата денес носи порака.

Мажите со брада изгледаат помажествено, па затоа се попривлечни за многу жени. Со векови, брадата е симбол на физичка и емоционална сила. Многу мажи ја носат затоа што испраќа порака: „Јас сум зрел, самоуверен и доволно силен за да не се бричам секој ден“.

Во модерната култура, брадата често означува маж кој е самоуверен и не се грижи премногу за традиционалните корпоративни правила. Брадата вели: „Не се вклопувам во калапот – намерно.“ Некои од светски познатите мажи кои ја носат денес се Дејвид Бекам , Киану Ривс , Крис Хемсворт, Џејсон Момоа, Џорџ Клуни, Џеј Ди Венс.
The post Сите згодни мажи носат бради: Психолозите откриваат зошто жените ги сакаат и што стои зад трендот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: