Камерите од системот „Безбеден град“ го фатија возачот кој вози со 231 км/ч во Скопје

Камерите на системот „Безбеден град“ го снимија „рекордерот“ како вози со брзина од 231 км/ч на скопската обиколница на 1 декември, откри за Телма раководителката на Секторот за сообраќајни прашања при Министерството за внатрешни работи, Маја Арсовска Манов.

Според неа, податоците добиени за само три дена од пробното лансирање на системот ја потврдуваат потребата од ставање во функција на овој систем, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

За потсетување, системот „Безбеден град“, во првиот тест период, регистрираше 110 илјади прекршоци за 24 часа на 1 декември, додека според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 декември беа регистрирани вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив, 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.

Најмногу – 4.300 прекршоци за брзо возење се евидентирани на излезот од Скопско кон Тетово, како и на булеварот „Никола Карев“ – 3.000 прекршоци.
The post Камерите од системот „Безбеден град“ го фатија возачот кој вози со 231 км/ч во Скопје appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: