Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо

Францускиот напаѓач постигна 55 голови во дресот на „Кралскиот клуб“ оваа година, четири помалку од клупскиот рекорд од 59 голови што го постави Роналдо во 2013 година.

Со уште пет натпревари до крајот на оваа година, Мбапе би можел да го надмине Роналдо.

Реал сè уште има лигашки натпревари против Селта, Алавес и Севиља, во Лигата на шампионите против Манчестер Сити и еден натпревар во Купот на кралот.

Рекордер по број на голови во една календарска година на клупско и репрезентативно ниво е Лионел Меси, кој постигна 91 голови во 2012 година, во дресот на Барселона и Аргентина.
The post Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: