Стразбур ја обврзува Македонија: Мора да ги плати долговите на јавните претпријатија во рок од 3 месеци

Македонија го загуби случајот во Европскиот суд за човекови права – државата е должна да ги исплати долговите на јавните претпријатија кон приватните компании во рок од три месеци, бидејќи не се почитувани судските одлуки што станале правно обврзувачки.

Во одлуката се утврдува дека таканаречената „рамка“ на Законот за извршување го крши членот 6 од Европската конвенција – правото на фер судење и извршување на судските одлуки.

Адвокатот Виктор Божиновски предупредува дека јавните претпријатија повеќе не можат да се кријат зад „средствата потребни за работа“ и ќе бидат принудени да враќаат долгови. Според анализите, државните претпријатија должат над 358 милиони евра, додека вкупниот „внатрешен“ долг на институциите на крајот на март достигна 651 милион евра.

Најголеми должници се „Номагас“, Железници – Транспорт и Инфраструктура и ЕМВ. Европскиот суд нагласува дека недостатокот на буџет или ресурси не може да послужи како изговор за неизвршување на судските одлуки.
The post Стразбур ја обврзува Македонија: Мора да ги плати долговите на јавните претпријатија во рок од 3 месеци appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: