Предлогот за разрешување на главниот обвинител, Љубчо Коцевски, е доставен до Собранието. Собранието најави дека ќе даде дополнителни информации во врска со понатамошната постапка.
Процесот за разрешување на Коцевски, кој беше прекинат по трагедијата во Кочани и привремено суспендиран за време на изборниот период, е продолжен со одлука на Владата.
Како што изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, разрешувањето се предлага поради сериозни професионални грешки во управувањето со Јавното обвинителство, кои, според неа, довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Обвинителството.
Како резултат на сторените прекршувања, во изминатиот период, евидентно е слабеење на функционалноста на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на институцијата.
The post Предлогот за разрешување на Коцевски пристигнува во Собранието, се очекува Гаши да ја закаже седницата appeared first on Во Центар.



