Македонскиот фудбал доби уште една убава приказна која ја потврдува силната врска меѓу татковината и дијаспората. Мустафи Адел, млад фудбалер роден во Берлин, но со корени од реканското село Велебрдо, доби повик од Фудбалската федерација на Македонија и настапи за младинската репрезентација на натпреварот против Турција, одигран во Скопје.
Младиот репрезентативец со гордост го носеше македонскиот дрес и беше дел од тимот кој забележа значајна победа од 3:2 против силната селекција на Турција. Овој триумф претставува резултат на голем труд, талент и посветеност, но и доказ дека македонското срце чука силно без разлика на тоа каде живеат нашите млади спортисти.
Настапот на Мустафи Адел е уште еден пример за тоа како децата од дијаспората не ја забораваат својата татковина и со чест и достоинство ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. Посебна гордост чувствува и реканскиот крај, од каде потекнува неговото семејство, како и целата македонска дијаспора која со внимание ги следи успесите на своите млади таленти.
Фудбалската федерација на Македонија со ваквите повици покажува дека вратите на репрезентацијата се отворени за сите млади фудбалери кои имаат квалитет, желба и љубов кон националниот дрес.
The post Гордост за Македонија и дијаспората: Мустафи Адел настапи за младинската репрезентација против Турција (фото) appeared first on Во Центар.



