Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е „неправедно“ некој да очекува неговата влада да влезе во процес на преговори со ЕУ во кој „нема знаци за успешен исход“.
Во „Сител“, пред да замине на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, тој постави два услови за започнување на постапката за измена на Уставот, што овозможува отворање на преговорите со ЕУ.
„Прво, мора да има јасни гаранции во форма на заклучоци од Европскиот совет дека никој не е против македонскиот идентитет, кој е вековна константа, македонскиот јазик, кој утре, кога Македонија ќе биде дел од европското семејство, ќе биде службен јазик во ЕУ, и дека нема да има повеќе билатерални прашања, а процесот ќе се води според Копенхашките критериуми. Ова мора да се случи.
И второ, ако спроведуваме работи што другите политичари ги прифатиле, тогаш најмалку што треба да спроведе нашиот источен сосед за да има доверба во овој процес е она што е вклучено во Конвенцијата за заштита на човековите права – да се регистрираат невладини организации, како што е „ОМО Илинден-Пирин“, бидејќи така велат 14 одлуки на Судот за човекови права во Стразбур“, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Бараме гаранции од ЕК дека нема да има билатерални проблеми во нашите европски интеграции appeared first on Во Центар.



