СДСМ излезе со нови кадровски одлуки во партијата. Пратеникот Фатмир Битиќи го нема на листата.
Битиќи за „Слободен печат“ вели дека не е важно кој ќе биде на која позиција, туку како ќе се обратат на сите граѓани и како ќе застанат во одбрана на демократијата.
„Верувам дека правилниот начин да се гледа политичката средина во овој момент не е од перспектива на поединец, дали ќе се најдам на лидерска позиција? Во основа, во овој момент сме на голема политичка раскрсница, политички превирања во Македонија, владата се обидува автократски да ја цензурира опозицијата, дури би рекол дека сме на работ на политички прогон на сите неистомисленици и прашањето е како ќе се справиме со овој момент, а не како ќе се позиционираме лично во одредена политичка партија“, вели Битиќи.
Тој нагласува дека е убеден социјалдемократ и дека ќе остане таков за да се бори за идеалите на социјалдемократијата.
Во врска со реакциите на јавноста, вклучително и на поранешниот функционер на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара оставка од лидерот на партијата Венко Филипче, Битиќи вели дека ова не е време за кавги и дека има простор за дискусија за различни гледишта.Следниот конгрес на СДСМ е закажан за јануари.
The post Битиќи: Не е време за кавги, туку за акција и нов концепт за СДСМ appeared first on Во Центар.



